Како ќе ги погледнете студентите кои ги оставате да живеат во мувла, влага, печурки по студентските домови?

Како на улица ќе се соочите со средношколците, наставниците кои ги игнорирате и им сервирате екстерно тестирање?

Преку ‪#‎ШаренаРеволуција ќе продолжиме со менување на целиот разурнат образовен и државен систем.
Заедно да го вратиме образованието на образованите!

Најденовска не се грижи за студентите кои спијат со жаби, печурки кои никнуваат по собите на студентите, исто како Груевски и ВМРО-ДПМНЕ што не се грижат за овие студенти.

Најденовска е глува за барањата на средношколците, за поблемите во екстерното тестирање.
Патоз избришавте со образованието. Според Извештај на Светска банка, трошоците за образование растат, но квалитетот и резултатите во оваа сфера се влошени. Ние сме под регионалниот просек.
Комисијата за образование, наука и спорт стана приватно катче на ВМРО-ДПМНЕ.

Не ви требаат никакви гатачки и портрети, не дозволувајте Груевски да ве влече во жива кал!

Слични содржини