Бред Пит го удрил Медокс зашто ја бранел мајка му

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Бред Пит го удрил својот син Медокс при кавга со Џоли за време на лет.5083239

Разводот меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит продолжува да открива нови детали. Според изворите чашата за Џоли се прелеала за време на кавга меѓу сопружниците во авион, во кој Бред Пит го удрил постариот син Медокс, кој ја бранел мајка си. Анџелина и Бред почнале да се караат наскоро по полетувањето на приватниот авион.

Во спорот се вмешал 15-годишниот Медокс и го разгневил татко му и го удрил. Тогаш меѓу нив се фрлила Анџелина и го запрела мажот.

Дали за време на расправијата 52-годишниот Бред Пит бил насилен изворите даваат различни мислења. Информатори открија пред E! Online дека во последно време меѓу Бред и момчињата Медокс и Пакс имало несогласувања, но тие се типични за повеќето родители и адолесценти, односно деца на таква возраст.

“Како мајка Анџелина многу ги чува децата. Тоа беше типичен спор меѓу родители и деца. Тензиите се зголемуваат, но тие никогаш не биле физички загрозени”, истакна соговорник на весникот Mirror.

“Двајцата си ги сакаат децата најмногу на светот. Медокс и Пакс ја заштитуваат мајка си, тие растат и ги развиваат сопствените карактери. И иако понекогаш имало извици и сите тие да беснеат, сериозни проблеми никогаш немало. Бред Пит има прекрасни односи со поголемите деца, тие повремено имаат несогласувања, што е нормално за родители со адолесценти деца “, сумираше изворот.

Сега Бред е директно ужаснат дека може да ги загуби децата, раскажа човек од персоналот на ѕвездената двојка пред Sun.

“Тој се плаши да не ги загуби децата поради тоа што не е направено, и затоа да го сметаат за лош татко. Тој ни од далеку не е лош татко “, увери изворот.

“Сега тој нема можност да ги гледа децата, но постојано се одржува контакт со персоналот за да се убеди дека со децата сè е во ред. Тој постојано вели: “Само ги гледаат децата, тоа е она што во моментов има значење”, изјави изворот.

Пит и Џоли има 6 деца – три нивни и три посвоени. Две од нив се момчиња, а четири девојки. Медокс и Пакс се посвоени заедно со 11-годишната Захара.

Анџелина Џоли објави дека сака развод, бидејќи Бред Пит пиел и станал агресивен спрема децата. Вчера сепак излезе и друга причина за разводот – политичките амбиции на актерката, која сакала да се посвети на активностите во рамките на ОН и дури да оди во Сирија, при тоа со децата.

Бред Пит бил категорично против тоа.

Слични содржини