Собраниската комисија за финансирање и за буџет без расправа и за само неколку минути го изгласа и го пушти во понатамошна постапка предлог-буџетот за работа на специјалната обвинителка Катица Јанева.

komisii

Предлог-буџетот беше единствена точка на дневниот ред на 66. седница на комисијата, а го образложи министерот за финансии, Зоран Стеврески.

Со него се предвидува Специјалното обвинителство да добие околу 63 милиони денари, односно околу еден милион евра.

На идентичен начин, експресно, предлог-буџетот помина и во законодавно-правната комисија.

Прелог-буџетот треба да биде изгласан и од пратениците на пленарна седница.

 

META

Слични содржини