Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо ќе прибере рекордни 37,5 милиони. Фунти како казна, ако раководството на лондончани одлучи да го отпушти во овој момент, пишува “Мирор”.

4441972

Договорот на Португалецот, потпишан пред само два месеци, е до летото 2019 година, а неговата плата е во износ од 10 милиони фунти по сезона. Во понеделникот од штабот на Челзи објавија дека продолжуваат да го  поддржуваат Мурињо, но неговото евентуално отстранување нема да изненади никого на Островот. Неговиот тим оваа сезона се претставува ужасно и има само осум поени од осум натпревари. По две последователни порази во рок од една недела од Порто во Лигата на Шампионите и Саутемптон во Премиер лигата Мурињо е ставен под голем притисок. Освен тоа Специјалниот успеа да привлече непотребно внимание кон себе со скандалот со клупскиот лекар Ева Карнеро која го обвини за сексизам и го напушти “Стемфорд Бриџ” минатиот месец. При сите случаи Абрамович, ако сака да се избави од Мурињо, ќе треба да постави светски рекорд за казна, платена на фудбалски тренер.

Слични содржини