Грчкиот премиер Алексис Ципрас, рече дека договорот со доверителите ќе ја  прекине  економската нестабилност во земјата, иако има обиди да се спречи договорот, објави Ројтерс.

20150812.cwyqjtiayl

“Иако пречките кои некои се обидуваат да ги стават на патот , јас сум оптимист дека ќе дојде до договор, што ќе стави крај на економската нестабилност “, изјави Ципрас за време на посетата во грчкото Министерство за инфраструктурата во Атина. Тој не прецизираше точно кој се обидува да го спречи договорот. Ова е прв коментар на грчкиот премиер, откако доверителите и Грција постигнаа договор во вторникот. Вчера земјите договорија параметрите на буџетот за наредните четири години, што е чекор кон конечниот договор за нов спасувачки пакет за земјата во вредност од 86 милијарди евра.Постигнувањето треба да биде одобрено од страна на владата и ратификуван од парламентот во среда или четвртокот.

Грција очекува да се постигне конечен договор со доверителите до 18-ти август, за да може на 20-и да добие нова транша, со кој треба да го покрие плаќањето кон Европската централна банка во износ од 3 милијарди и 200 милиони евра.

Слични содржини