Јас лично дадов наредба за соборување на рускиот авион. Тоа го рече турскиот премиер Ахмет Давутоглу пред членовите на неговата партија во Анкара. Според него рускиот авион го нарушил турскиот воздушен простор. Давутоглу соопшти дека од контролниот центар само за 5 минути  десет пати го  предупредиле авионот.
давитоглу

“И покрај предупредувањата бевме должни да го уништиме овој авион. Турските воздухопловни сили извршија нападот по мое лично наредба”, рече уште Ахмет Давутоглу. “Ние не сакавме да се дојде до тоа нешто, но секој треба да го почитува правото на Турција да ги брани своите граници”, рече уште тој и додаде: Русија е пријател на Турција и Анкара не сака да дојде до прекин на односите со Москва, но Турција треба да се брани својот воздушен простор.

Потсетуваме дека на 24 ноември  турските воздухопловни сили  со F-16 урнаа  руски бомбардер Су-24М, кој според тврдењата на Анкара, ги прекршил нејзиниот воздушен простор во реонот на границата со Сирија. Министерството за одбрана на Русија од своја страна тврди дека авионот Су-24М се наоѓал над сириска територија и немало прекршување на воздушниот простор на Турција. Преживеаните пилот Константин Мурахтин тврди дека немало никакво предупредување пред пукањето. “Немаше предупредување. Немаше никаква комуникација – ниту Радио ниту визуелна. Немаше никаков контакт”, рече Мурахтин и ја исклучи можноста неговиот авион да направил  повреда на воздушниот простор од  Сирија. во Турција /  Хаберлер, АФП и ТАСС

Слични содржини