karpalak-zaginati-630x630

По повод 14 годишнината откако воениот конвој од прилепската касарна во заседа беше пресретнат кај месноста „Карпалак“ на патот Скопје-Тетово кога загинаа 10 –те прилепски воени резервисти, семејствата, соборците, бројни делегации денеска се поклонија и положија венци и свежи цвеќиња пред споменикот на загинатите во центарот на Прилеп. Почит им оддадоа делегации од кабинетот на претседателот на Македонија, од АРМ и Генералштабот, од Владата предводена од министерот за одбрана Зоран Јолевски, од градот предводена од градоначалникот Марјан Ристески, од здруженија, партии и делегации на граѓани.

jolevski-prilep

По повод 14-годишнината од загинувањето на десетте припадници на македонските безбедносни сили, делегација на СДСМ, предводена од потпретседателката Фросина Ременски, и делегација од општинската организација на СДСМ од Тетово, денеска оддадоа почит и положија свежо цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак.

Karpalak_pocit_SDSM_1

На тој трагичен ден, животот го загубија: Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски.

Слични содржини