Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска во девет градови закажа протести против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на функционери.

Освен во Скопје, протести ќе се одржат и во Струмица, Велес, Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп и во Радовиш.

kancelarija-na-ivanov-860x680

Во Велес протестот ќе почне во 18 часот на кружниот тек Авона, во Охрид – во 18 часот кај Чинарот, во Кичево – во 18 часот пред Основниот суд, во Кавадарци – во 18.30 пред Општината, во Битола – во 19 часот на плоштад Магнолија, во Прилеп – во 19 часот кај Камената бина, во Радовиш – во 19 часот на плоштадот Свети Спасо Радовишки, а во Струмица демонстрантите во 17 часот ќе се соберат во Мал градски парк.

ФАЦ: Македонската „борба до смрт“, наместо помирување, Иванов дополнително ја подели нацијата

„Протестирам“ во Скопје ќе го одржи 14. протест, кој ќе почне во 18 часот пред просториите на Специјалното јавно обвинителство.

Вчера неколку илјади граѓани на протестот кој почна пред СЈО, а продолжи кон Собрание и Влада, ги обоија фасадите на Министерството за правда и на Народната канцеларија на претседателот Иванов. Таму, дел од демонстрантите, во знак на револт, палеа негови фотографии.

 

МЕТА

Слични содржини