дикк

Државната изборна комисија ќе ги провери сите сомнителни записи во Избирачкиот список. Вакво ветување членовите на Државната комисија им дале на дипломатите од дваесетина земји, кои посакаа непосредно од нив да слушнат како оди вкрстената проверка на базите на податоци, подготовките за теренска проверка, постапувањето по пријавите на граѓаните и генерално, целиот процес на пречистување на Избирачкиот список, јавува Телма.

ДИК веќе усвои Упатство за теренска проверка на сите несовпаѓања што ќе произлезат од споредбата на информациите со кои располагаат десет државни институции со базата на МВР. Упатството не ги опфаќа над двете илјади пријави од граѓаните, бидејќи во ДИК сеуште нема согласност: дали тие да се разгледуваат по службена должност или како претставки.

 

Слични содржини