“Државната изборна комисија ги известува граѓаните дека на својата веб страница www.sec.mk, го објави списокот на 39 502 граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список.”-информираа од ДИК.

spisok

 

Запишувањето ќе се врши лично, со приложување на важечка лична карта или пасош во подрачните канцеларии на ДИК и во канцелариите на Управата за водење матични книги, а на веб-страницата на ДИК ќе биде поставена и апликација за електронско пријавување.

Пријавувањето ќе трае до 19 август, секој ден во периодот од 8.30 до 19 часот.

По истекот на овој рок, ДИК ќе има уште 10 дена на располагање за да може да направи дополнителни контроли или лично да контактира со гласачите.

Доколку лицата не се пријават електронски или лично во предвидениот рок, нема да бидат запишани во избирачкиот список, но ќе добијат уште една шанса за пријавување за време на јавниот увид на избирачкиот список пред предвремените парламентарни избори.

Слични содржини