ДИК идната недела ќе го чисти избирачкиот список

од Vladimir Zorba
91 прегледи

 Државната изборна комисија се очекува од понеделник да почне со прочистување на избирачкиот список, пренесуваат дел од медиумите повикувајки се на извори во комисијата.

дик

Денеска државната изборна комисија потпишува договори за соработка со институциите од кои треба да ги преземе базите на податоци по што се очекува да испрати и официјално барање за преземање на податоци. Вкрстената проверка на податоците за избирачките се претпоставува дека ќе почне од понеделник но не се знае колку долго ќе трае овој процес

Според Изборниот законик, Државната изборна комисија најдоцна 15 дена од денот на распишувањето на изборите, Избирачкиот список го става на јавен увид во своите подрачни одделенија и месни канцеларии. Јавниот увид трае 20 дена. Државната изборна комисија Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, отпечатен во вид на изводи, го заклучува најдоцна 15 дена по завршениот јавен увид.

Слични содржини