Димовски: 2306 нови работни места се отворени во Свети Николе

од Vladimir Zorba
112 прегледи

ilija

Илија Димовски, носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ3, вечерва во Свети Николе истакна дека во источна Македонија единствено се инвестира само кога ВМРО–ДПМНЕ и Коалицијата се на власт.

Димовски ги потсети граѓаните како беше пред 15 години кога СДСМ беше на власт.

– Вие подобро го паметите овој град пред 15 години и какви трагедии остави СДСМ. Во овој град и тогаш се прогласуваа стечаите и се бркаа луѓето од работа. Тоа го напари СДСМ и им создаде слика на граѓаните дека овој град ќе биде слепо црево во Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека со посветена работа, труд енергија можат да се подобрат работите. Кога прв пат кажав дека овде ќе се гради автопат до Скопје, од СДСМ се исмеваа, рече Димовски.

Тој посочи дека во источна Македонија се инвестира единствено кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт и потсети дека во 2006 година кога СДСМ беа на власт во Свети Николе одеа на работа само 3090, додека денеска таа бројка изнесува 5396, 2306 нови работни места се отворени.

Слични содржини