Информацијата дека на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, неодамна му е издаден дипломатски пасош на функцијата „експерт“, од опозицијата беше прогласена за сериозен скандал, со барање министерот за надворешни работи веднаш да објасни по која основа е издадена исправата, пишува Дојче веле.

mijalkov

„Која институција го именувала Мијалков за експерт? Дипломатски пасош се издава на експерт во исклучителен случај со ограничен рок на употреба, додека трае престојот на тоа лице во странство. На Мијалков, дипломатскиот пасош му бил издаден на 29 август годинава и е со траење од 5 години! Мијалков ја напушти позицијата директор на УБК, по скандалите со прислушувањето и случувањата во Куманово. Овој потег на министерот Попоски говори дека Груевски со соработниците подготвува терен за бегство на Сашо Мијалков од Македонија. Уште колку вакви дипломатски пасоши издало МНР“, праша опозицискиот СДСМ.

Одговор од МНР досега нема, но тој може да се најде во Правилникот на министерството, каде е објаснето кои лица може да добијат посебни патни исправи – дипломатски или службени пасоши. Меѓудругото, министерот за надворешни работи има дискрециско право да издава дипломатски пасоши за лица за кои смета дека се значајни за унапредување на дипломатски, политички, економски и културни односи со други држави или во случаи кога тоа е од безбедносен интерес за државата. Во 2012 година МНР го прошири опсегот на лица кои можат да добијат посебни исправи, па со право на дипломатски пасоши се стекнаа и директорите на УЈП, Царинската управа, финансиската полиција, главниот државен ревизор, но и амбасадорите на културата. Дипломатски пасоши може да имаат членови на семејството на амбасадори кои се во странство или партнерите на амбасадорите ако живеат во вонбрачна заедница. Право на службени пасоши, пак, имаат членовите на обезбедувањето на претседателот на државата, на претседателот на Собранието и на премиерот.

Многумина го имаат!

Додека јавноста чека образложение, поранешни и сегашни амбасадори велат дека по прашањето на дипломатски пасоши отсекогаш владеел хаос.

„Правилата често се изигруваат и поради тоа многу лица добиваат посебни исправи. Па и дадилката на децата на една наша амбасадорка, во 2010 година доби дипломатски пасош, исто така како ‘експерт’. Но, не е само тој случај. Дипломатски пасоши добиваат разни тетки и чичковци, најчесто како функционерски „советници“ и тоа не е практика само на оваа влада. Го правеле и други. Основа за добивање дипломатски пасоши имаат и бизнисмени, но своевремено и продавач на теписи чиј бизнис не беше поврзан со странство, имаше дипломатски пасош затоа што беше пријател со еден министер“, вели поранешен амбасадор. Тој смета дека стравувањето на опозицијата дека дипломатскиот пасош е „виза“ за нечие бегство од државата, според одредбите на Виенската конвенција – е беспредметно!

Целиот текст прочитајте го на Дојче веле на следниот линк.

Слични содржини