„ДОМ е огорчен поради изречената мерка притвор за Здравко Савески и десетина други активисти од граѓанското движење „Протестирам“, а особено од третманот што го добиваат во одредени медиуми, каде се претставени како „хулигани“.

DOM_zname

Потсетуваме уште еднаш дека бранот протести се крена по скандалозната групна аболиција на политичари од страна на Претседателот Иванов, а во протестите ширум нашата земја учествуваа стотици илјади граѓани.

Протестирањето е граѓанско право и неприфатливи се вакви закани со притвор или затвор за учество во протестите. Овие методи на притисоци и закани врз граѓаните што го изразуваат своето незадоволство на мирен и демократски начин не наведуваат на прашањето: Дали по притворите ќе следи „полициски час“ и забрана за движење?

ДОМ, како дел од Платформата за демократска Македонија, повикува на прекин на ваквите методи на сеење страв, притисок и заплашување на народот. Воедно, ги охрабрува граѓаните да не се откажуваат од своето право за мирно протестирање и изразување незадоволство од потпишаната аболиција и од намерата да се одржат нерегуларни парламентарни избори“, соопштуваат од ДОМ.

Слични содржини