До утрово нема никакви сигнали дали претседателот, Ѓорге Иванов ќе ја ревидира, односно ќе ја повлече одлуката за аболиција, по вчерашните разговори со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Македонија. Главната тема на попладневната амбасадорска средба со претседателот, ја навести шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Аиво Орав преку „Твитер“.0,,19110069_303,00 (1)

„ЕУ-амбасадорите на средба со претседателот Иванов: Помилувањето ги поткопува отчетноста и владеењето на правото. Каква ќе биде иднина за земјата и за нејзините евроатлански интеграции?“, напиша Орав.

Како што пишува ДВ, амбасадорите требало јасно да ја образложат комплексноста од последиците што ќе ги предизвика одлуката за аболиција, и за интегративната иднина на земјата, но, пред, се за можностите за излез од актуелната криза, кои беа утвредени со Договорот од Пржино. Средбата на амбасадорите со Иванов била во функција на подготовка и отворање пат за четирипартитната средба во Виена. Таа средба може да биде доведена во прашање од политички субјекти и граѓански организации, ако претседателот не ја повлече одлуката, бидејќи со неа директно го загрозува Договорот и во однос на работата на СЈО, и во однос на спроведувањето итни реформски приоритети, меѓу кои и владеењето на правната држава.

Бејли и Орав уште еднаш се сретнаа со Иванов

„Целта на состанокот е да се дискутира за начините за решавање на кризата и да се обезбеди дека лидерите ќе продолжат со имплементација на договорот од Пржино и со реформските приоритети, за да покажат волја да ја вратат земјата назад на евроатлантскиот пат“, изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.Запрашана зошто средбата е закажана во Виена, а не во Брисел или Скопје, Коцијанчич одговори: „А, зошто не во Виена?“

Протестите продолжуваат, како и контра-протестите

Повлекување на одлуката на претседателот минатата недела побараа сите четири партии потписнички на Пржинскиот договор. СДСМ, ДУИ И ДПА се уште не потврдуваат дали ќе одат во Виена, односно дали повлекувањето на претседателската одлука ќе биде нивен услов за присуство на средбата или токму нејзиното неповлекување ќе биде причина да заминат во Австрија и пред еврокомесарот Хан да ги соопштат нивните забелешки за начинот на кој Иванов „помага“ во спроведувањето на Договорот.

До четврток напладне Иванов целосно ќе ја повлече аболицијата?

Од друга страна, во домашни и меѓународни кругови расте загриженоста од можни ескалации на незадоволство, особено в четврток, кога во превечерјето на средбата во Виена, пред македонското Собрание може да биде испровоцирана „опасна, блиска средба“ меѓу демонстрантите од #Протестирам и контрапротестантите организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Според новинарот Ерол Ризаов, „планираните немири од ГДОМ имаат за цел да ја направат беспредметна евентуалната вест од Виена дека нема основни предуслови за слободни и фер избори“.

„Објавата на ГДОМ за црн четврток и судир на граѓаните со различни политички и демократски определби е голема одговорност на власта и лично на сите институции задолжени со законите и со Уставот за стабилноста на државата. Во вакви деликатни ситуации, законот налага изолација и апсење на организаторите на протести кои повикуваат на крвопролевање и омраза. Што може да се очекува освен крв, ако протести се закажуваат на исто место на веќе закажани мирни протести на граѓанските невладини организации и на опозицијата“, пишува Ризаов во колумната во „Утрински весник“ под наслов „Спречете го црниот четврток“

целиот текст тука

Слични содржини