150
Француската полиција објави слика на осомничениот поврзан со нападите во Париз. Полицијата наведе дека е опасен и ги замоли луѓето, ако го видат, да не му приоѓаат, туку да ги повикаат безбедносните служби.
Претходно медиумите во Франција објавија дека еден од нападите го извеле тројца браќа, а еден од нив е во бегство.
Мажот, еден од тројцата браќа за кој се верува дека учествувал во нападите во Париз, изнајмил црн Фолксфаген поло кој го користеле киднаперите на заложниците во концертната сала Батаклан во која загинаа најмалку 89 луѓе.