149
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара од лидерите на 20-те најразвиени економии во светот минута молчење во спомен на жртвите од терористичките напади во Париз на почетокот на првата пленарна сесија на самитот на Г-20 во турското летувалиште Белек.
– Ние сакаме да ги споделиме тагата на францускиот народ и на претседателот (Франсоа) Олан”, рече Ердоган.
– Тероризмот е закана за мирот и стабилноста, за сите нас, додаде турскиот претседател.