Како што кризата во Македонија се продлабочува, двете најголеми европски политички семејства – на централно-десничарската Европска народна партија (ЕПП) и на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) – додваат масло на огнот за разгорување антагонизмот помеѓу нивните партии-пишува EurActiv

gruevski_youtube

Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на главниот град на Македонија- Скопје, во неделата (17-ти мај), мавтајќи со македонски и албански знамиња како драматичнен приказ на етничкото единство против владата по неколку месеци на штетни откритија за прислушување.

Наспроти ова, најголемите политички сили на ЕУ се појавија во голема мера несинхорнизирано, ЕПП очајно со поддршка на дискредитираното владеењето на премиерот Никола Груевски, а Европските социјалисти го испратија својот лидер во Скопје, во обид да се изведе поени во ќор-сокак .

Набљудувачите се подеднакво песимисти во врска со сценарио што ќе и даде повеќе време на власта на Груевски, или со помала веројатност политичката алтернатива, лидерот на Социјал-демократската унија Зоран Заев да добие поддршка.

Западните дипломати се појавија за да помогнат кон формирање влада на национално единство во која двете политички партии ќе го задржат низок профил, додека се одржуваат предвремени избори.

Кризата која пукна по деветгодишно конзервативно владеењето на Груевски е полоша од онаа кога Западната дипломатија ја повлече земјата од работ на тотална граѓанска војна за време на бунтот на етничките Албанци во 2001 година, ветувајќи патот кон Европската унија и НАТО.

Од февруари, Груевски се соочи со бран на срамни откровенија за неговата влада, од прислушувања сп кои се изложува тесна владина контрола врз новинари, судиите и начинот на постапување на изборите.

Заев вели дека снимките, кои тој ги нарекува “бомби”, беа направени незаконски од страна на владата, како дел од операцијата масовен надзор тна 20.000 сојузници и противници и така, дошле до него од страна на тн свиркачи.

Груевски не спори дека гласовите на лентите се вистински, но вели дека тој не наредил за снимање и дека аудио-снимките се монтирани. Заев е обвинет за насилство против државата.

Заев вели дека неколку илјади демонстранти планираат да кампуваат надвор на улиците, додека премиерот поднесе оставка.

На 9 и 10 мај, при полициската рација во северниот дел на етничко Албанско соседството остави 18 луѓе мртви: осум полицајци и 10 Албанци што се опишани од страна на владата како “терористи”.

Груевски рече дека полицијата осуетила терористички заговор, но Албанците и за некои странски аналитичари велат дека тајмингот сугерира дека владата се обидува да создаде диверзија.

На 16 мај, Министерството за надворешни работи на Русија ги обвини “Западните организатори” дека се обидуваат да се поттикнат револуција против владата која одби да се приклучи на Европските санкции против Русија во врска со Украина, и која се наоѓа на потенцијална транзитна рута за рускиот гас преку Турција.

Западните дипломати се обидуваат да посредува за решение на кризата, но не е сигурно дека ЕПП и ПЕС се на одборот. Двете политички семејства се чини дека водат свои војни.

ЕПП уште го поддржува Груевски. Запрашан за коментар во врска со ова прашање, портпаролот на партијата Зигфрид Mуресан, застана од страна на Груевски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, и вели дека скандалот со прислушување не ја разниша доверба на ЕПП во нејзината филијала македонскиот член.

“ВМРО е член на партијата на Европската народна партија и затоа ја има поддршката на ЕПП. Како и секоја земја-членка на Европската народна партија, оваа партија ќе ги почитува вредностите и принципите на Европската народна партија, владеењето на правото, да работи за силен, независен судски систем и да се справи со корупцијата “, рече Муресан.

Во врска со прислушување, тој рече дека ЕПП eочекува властите “да ги испитаат и да ги разјаснат сите работи што треба да бидат разјаснети”, додавајќи дека оценките треба да се врз основа на цврсти докази.

“Премиерот Груевски е подготвен да соработува со сите меѓународни партнери на земјата. Нема ништо да се коментира од страна на Европската народна партија “, рече Mуресан.

“Премиерот Груевски доби на демократски избори. Огромното мнозинство на луѓе од поранешнајугословенска Република Македонија ја оставија нивната доверба во ВМРО и премиерот Никола Груевски. Тој треба да биде оставен да управува со земјата. Тој има дозвола да го продолжи својот мандат “, додаде портпаролот на Европската народна партија.

Mуресан, исто така, тврди дека од парламентарните избори во 2014 година, социјалдемократите не бил присутни во парламентот, за што рече дека е “неприфатливо”. Сепак, тоа беше ВМРО на Груевски кое организираше погром против опозицијата и новинарите, во декември 2013 година.

Од своја страна, лидерот на ПЕС Сергеј Станишев отиде во Скопје во неделата, наводно, “да ги поддржи македонските граѓани кои сакаат демократија, владеење на правото и транспарентни институции”.

“Неуспехот на актуелната влада да се брани од обвинувањата за масовен надзор и заканите упатени до опозицијата фрла сериозни сомневања за нејзината посветеност на демократските принципи и вредности. Позагрижувачки, тоа би можело да биде чекор назад во нејзиниот напредок кон членство во ЕУ и НАТО “, рече Станишев.

Станишев, кој е поранешен премиер на Бугарија, е остро се нападнат од страна на македонската влада преку нејзините медиумите за да се непријателски однос кон соседната земја.

Слични содржини