1460574519920841 (1)

На 13.04.2016 година околу 18.00 часот пред Специјалното јавно обвинителство и пред седиштето на политичката партија СДСМ на ул. „Павел Шатев“ почнале да се собираат граѓани на два најавени протести. Во 19.15 часот пред Собранието на Р.Македонија се собрале околу 3.000 граѓани, а пред канцеларијата на Претседателот на Р.Македонија на ул. „Димитрија Чуповски“ околу 2.000 граѓани. Дел од граѓаните собрани пред канцеларијата на Претседателот фрлале камења, јајца, како и чадни бомби кон објектот. Притоа биле оштетени неколку прозорски стакла. Во 19.40 часот дел од масата од пред канцеларијата на Претседателот се упатила пред Собранието на Р.Македонија, а масата граѓани од пред Собранието се упатила кон ул. „Павел Шатев“. Околу 21.00 часот дел од масата која била пред канцеларијата на Претседателот, успеала насилно да влезе во просториите од каде што изнела дел од инвентарот и да го запали на улицата пред објектот.

Пронајден човечки череп во близина на Стража

Дел од истата маса, на објектот на Министерството за Правда со тврди предмети ја оштетиле влезната врата и неколку прозори. Нарушителит биле потиснати и одалечени од објектот, а 13 од нив се приведени. Околу 21.30 часот насобраните граѓани од пред Собранието, Министерството за Правда, канцеларијата на Претседателот и ул. „Павел Шатев“ се разотишле. Сообраќајот во централното градско подрачје е нормализиран во 22.00 часот. Во 23.00 часот во градската општа болница за укажување на лекарска помош е донесен еден од учесниците на протестите, како и еден новинар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и по целосно документирање на истиот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични содржини