Криволак  би можел  да биде иден камп за мигрантите кои ја натиснаа Европа. Како што дознава Локално.мк од анонимни извори на агенциите на ЕУ за миграции EASO и високиот комесар на ОН за делата на бегалците, веќе имало посета на полигонот Криволак и се размерувало и гледале  и проценувале капацитетите, и колава бројка  на мигранти и бегалци  би можела да се смести  веднаш,   и што би значело во иднина да се доизгради тој простор.

krivolak

Истите извори правеле и попис што се има и што треба да се доопреми за иднот камп за бегалци.

Нема информација дали претседателот Ѓорѓе Иванов по  средбите во Брисел,  за оваа зборувал и бил известен за оваа опција  за правење камп за мигранти на Криволак, но јасно е дека ваква тема била отвoрена во Брисел.

Нема шанси да се постават бегалски кампови во Македонија и другите земји кои не се членки на ЕУ затоа што тоа може да доведе до нивна дестабилизација, предупредил  на состанокот во Брисел македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.ivanov-brisel

Тој побара Македонија да се интегрира во европскиот безбедносен систем и нема против распоредување на Фронтекс на границата со Грција.

Српскиот премиер Вучиќ то така не бил среќен со тоа  Србија да  може да биде тампон зона.

-Кажав дека Србија е подготвена да преземе квота. Ако Хрватска земе 2.000 луѓе, тогаш ние сме подготвени да преземеме 3.000, согласно бројот на население. Но прашање е што ќе правиме со овие луѓе. Тие не сакаат да останат во нашите земји, да ги ставаме во затвор?, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

Експерти за Локално.мк проценуваат дека тоа би бил  многу опасен потег, кога цела Европа се оградува и нема решение, добар дел ставија огради на границите , да  се  прифати таков ризик и да  се донесат илјадници бегалци и таква голема бројка на мигранти од кризните воени региони.Кој знае што би можела да биде понудата завозврат  за  власта во Македонија, но тоа може да биде и сериозне безбедносен проблем кој може да ги загрози националните интереси, особено што мигрантите не сакаат да останат во Македонија и ќе сакаат да избегаат од кампот,проценуваат експертите Следниот проблем е дека  се тоа  ќе треба да наликува на конц.логор,  тешко ќе се обезбедува , макар тоа да биле и мешани и интернационални полициски единици.20151025.yxolfjkckn (1)

Истите извори анализираат дека сега станува јасно  и зошто Ѓорге Иванов е испратен на овој Самит во Брисел,  а вообичаено  премиерот Никола Груевски повторно случајно е на пат и не е тука кога се договара вака клучна работа.

Локално.мк потсетува и дека на Криволак пред неколку години  имаше вежбовна активност за сместување на  раселени лица од земјотреси . Камп за бегалци беше  формиран во рамки на меѓународната вежба „Светлина 10“ (2010)на армискиот полигон „Криволак“,  за да  се вежба смесување за раселени лица од катастрофални земјотреси.

Од вчерашниот состанок во Брисел , пак се порачува дека ќе се менува политиката кон бегалците и  ЕУ планира да испрати 400 граничари кон Западен Балкан за помош во совладување на миграциската криза согласно  претходен  договор помеѓу лидерите на западните и источните земји во Брисел , соопшти Ројтерс

Според информациите на Wall Street Journal, документот  содржи предлог на шефот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер на лидерите на 10 земји, на  чии територии оди  главниот поток од мигранти во Европа, да го запрат  пропустот на луѓето  кон Европа , да земаат отпечатоци од прстите и да испратат дополнителни гранични сили на границите, како и да се формираат бегалски кампови што подалеку од Европа.

На средбата  беа  лидерите на Австрија, Бугарија, Германија, Грција, Македонија, Романија, Србија, Словенија, Унгарија, Хрватска, претседателите на Еврокомисијата, на Евросоветот и на Европарламентот, шефот на граничната агенција на ЕУ Frontex, агенциите на ЕУ за миграцииEASO и високиот комесар на ОН за делата на бегалците.

Слични содржини