Европската агенција за лекови создаде експертска група, која ќе биде одговорна за напорите против распространување на вирусот зика.

aedes_sexlineatus_pumasacha

Членовите на групата ќе работат за забрзување на процесот на разработување на вакцина против вирусот и за разработување на лек за заболувањето.

Европската агенција одлучи да ја создаде експертската група, откако на 1 февруари СЗО го определи вирусот како глобална закана.

Вирусот зика се пренесува при каснување со комарец од типот Едес. Се смета дека тој причинува малформации кај новороденчињата, ако мајките се заразени за време на бременоста.

Бразил е најзасегната земја во светот од вирусот. Таму се регистрирани 1,5 милиони пациенти. На второ место е Колумбија со 22.600 случаи на зараза.

Слични содржини