Еврото го постигна најниско ниво во однос на доларот во последните 12 години. Ваквиот тренд според експертите може да доведе до изедначување на европската со американската валута.
euro_dollar

Вредноста на еврото е во пад од мај лани и се намали под 1,06 долари, што е најниското ниво од 2003 година. Трендот на падот на вредноста на еврото продолжи и изминатата недела , а се очекува и понатамошно намалување поради последните мерки на Европската централна банка, која со купувањето на обврзници го поттикнува економскиот раст во еврозоната, како и поради растот на невработеноста во еврозоната.

Експертите на „Deutsche Bank“ проценуваат дека еврото до крајот на годината најверојатно ќе се изедначи со доларот кој се повеќе зајакнува како резултат на растот на американската економија и намалувањето на невработеноста..

Аналитичарите веруваат дека ФЕД наскоро ќе ги подигне каматните стапки за прв пат до 2006 година, а економистите се поделени во мислењето дали до првото подигнување на каматните стапки ќе дојде веќе во јуни, или пак подоцна годинава.

Слични содржини