Левица тврди дека се втора партија по резултати во некои места во ИЕ1 и ИЕ5

од Nikola Popovski

Покрај сите оптструкции, ние сме задоволни од моменталните резултати, изјави портпаролот на Левица и носител во ИЕ2, Амар Мециновиќ се исходот од денешните резултати.

Според него, Левица во ИЕ1 и ИЕ5 се втора партија во моментов, како што се неколку општини на територија на Скопје, како и на некои изборни места во Велес.

-Ние не повикувавме на бојкот, туку на излезност и повикувавме на гласање. Рековме дека ќе го дуплираме резултатот од претседателските избори. Целата наша борба беше против СДСМ и ДУИ. Сега веќе Левицата се стабилизира во модерна левица. Очекуваме меѓу 8 и 12 пратеници, а накај 23 часот можеби ќе имаме и други проекции, кажа Мециновиќ во изјава за медиумите.

Слични содржини