Ракетите на американските воздухопловни сили, наменети за базите на Исламската држава во Сирија, осамнаа со натпис “Од Париз со љубов”, пишува “Дејли мејл”. Авторот на пораката не е познат, но тоа најверојатно се американски војници, кои ќе ги бомбардираат позициите на џихадистите во Сирија.

Image_5116398_126

Сликите со ракети и бомби, на кои е напишана пораката се објавени на социјалните мрежи.

Image_5116413_128
Исламската држава ја презеде одговорноста за крвавите напади во Франција,во кои во петокот загинаа 129 лица. Претседателот на Франција изјави дека нападите се “знак за војна” и земјата го возврати ударот со 20 бомби врз позициите на исламистите во Сирија.

Image_5116414_128

Операцијата на француските воздухопловни сили е најголема откако земјата почна да ја напаѓа Исламската држава во септември.

Слични содржини