Српскиот амбасадор во Тирана повикан на разговор поради изјавата на Рама

од Milan1
584 прегледи

Министерството за надворешни и европски работи на Албанија го повика амбасадорот на Србија во Тирана Слободан Вукчевиќ „да даде појаснување за изјавата на вицепремиерот Александар Вулин во врска со средбата на албанскиот премиер Еди Рама со албанската дијаспора во Грција“.

Вулин, изјави дека „голема Албанија можат да ја спречат само Србите и српскиот свет“ и дека Грците треба „да размислат за тоа“. Вулин исто така изјави дека премиерот на земјата во која се наоѓа „жолтата куќа“, на местото каде што на Србите се вадеа и продаваа органи, мораше да биде многу повнимателен и да ги избира зборовите кога зборува за злосторства.

Албанскиот портал „Сот“ наведе дека албанското МНР очекува итно појаснување од српскиот амбасадор, за „ваквите повторени штетни изјави да не влијаат на меѓудржавните односи“.

Слични содржини