Ким Кардашијан повторно е платинесто русокоса. Ѕвездата се појави како русокоса на шоуто на сопругот Кание Вест – Yeezy 3 , што се одржа во четвртокот (11-ти февруари) во Медисон Сквер Гарден во Њујорк.b27a93d497936d40c854175c534971ad

Речиси сите членови на риалити кланот Кардашијан-Џенер присуствуваа на блескавиот настан.

Поинтересно во случајот беше дека Клое Кардашијан беше придружена од отуѓениот сопруг – Ламар, кој минатата година едвај не почина откако претера со дрогата и алкохолот.

Според последните гласини Клое одлучила да му даде нова шанса на бракот со кошаркарот.

На модното / музичко шоу присуствуваа Кендал и Кајли Џенер, мајката на познатите сестри – Крис Џенер и нивниот транссексуален татко – Кејтлин Џенер.

Ќерката на Ким и Кание – Норт Вест исто така танцуваше на новата музика на својот татко.

Сите дами на настанот беа облечени во облека, креирана од самиот Кание кој освен рапер се манифестира и како дизајнер.

Фото: gettyimages.com

Слични содржини