Над 250 лица се исчезнати, откако нова лавина прегази село, дел од популарна рута за планински премини, северно од главниот град Катманду, објавија властите на област Расува каде се случил инцидентот, цитираат агенциите.

Поради популарната на маршрута, не е исклучено меѓу исчезнатите да има и странски туристи.

“Зоната е во национален парк кој е популарен со своите туристи. Се обидуваме да ги спасиме, но лошото време и дождовите ги отежнуваат напорите”, рече гувернерот на Расува Удхав Бхатари.

Тешкото земјотрес со интензитет од 7,9 степени по Рихтер предизвика голем број лавини во Хималаите. Една од нив уби 18 планинари во базниот камп под Монт Еверест.

Слични содржини