Франција повика на итен прекин на бомбардирањето на Турција во курдските области во Сирија, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

SYRIA-CRISIS_2795923b

Турската армија, денеска, втор ден по ред, стрела со минофрлачи кон позиции на курдските милитанти во Северна Сирија, во околината на сирискиот град Азаз, во провинцијата Алепо.

САД, кои се партнери на Турција во НАТО, исто така, синоќа побараа Анкара да го прекине бомбардирањето.

Слични содржини