Клое Кардашијан позираше гола свртена со грб до базенот, споредувајќи се со легендата и секс симбол Мерилин Монро. Никој не може да ги обвини жените од фамилијата Кардашијан дека им недостасува самодоверба.284c6f2bb107a6cee950e5171e136644

Тие ниту сакаат да се потценуваат, ниту пак се особено скромни. И 5-те сестри од познатиот американско-ерменски риалити шоу клан умираат да ја симнат облеката за еротски фотосесии.

Последната ваква серија од жешки кадри ни покажува 31-годишната Клое, потопена во водата од колковите надолу. А Клое ја крстила оваа сесија “Моите најдобри Мерилин Монро моменти.”

Сликите се направени на одморот во Сент Бартс минатиот август. Клое ги прикрила градите со рака, но дала шанса на луѓето подобро да погледнат во нејзините задни делови.

Еротската фотосесија е дело на Мајк Розентал, а шминкерот на Клое – Џојс Бонели на дел од сликите ја обоил голата ѕвезда со брокат во сино, златно и розова.

“Скромната” сестра на Ким Кардашијан напиша остро под еден од кадрите, кој го сподели во Instagram: “Ако имаш со што да се фалиш- направи го тоа!”, алудирајќи на тоа дека има зошто да се гордее со своето тело.

Вистината е дека Клое има со што да се гордее –  од сестрите Кардашијан, во моментов таа е со еден од најдобрите изгледи. Таа околу две години неуморно работеше на својата фигура со строги диети и фитнес режим.

Видете ги сликите на Клое во галеријата.

Слични содржини