Грчките банки се очекува да отворат одново во понеделникот (20-ти јули), но со ограничен износ на трансакциите, а во исто време ќе биде зачуван и дневниот лимит за влечење до 60 евра, изјави синоќа заменик-министерот за финансии, Димитрис Мардас.

grcija,-transparent-ne-za-o

Понудените од банките услуги ќе се прошират од понеделникот, посочи тој за грчката телевизија ERT, .

Мардас рече дека ограничувањето од 60 евра на ден ќе остане во сила, но владата работи на можност луѓето да го акумулираат овој лимит за неколку дена,и потоа на куп да ја извадар целата акумулирана сума.

Во случај доколку некој не сака да добие своите 60 евра во понеделникот и сака да го стори тоа во вторникот, тогаш тој ќе може да повлече вкупно 120 евра или пак 180 евра во средата. Овој предлог е во процес на развивање и ние сметаме дека е технички можно, додаде тој.

Според него целокупната нормализација на банкарските трансакции ќе се случи постепено, но без да се ангажира со конретни рокови.

Од ЕЦБ сепак изразија сомневање во врска со претпоставката на властите во Атина, дека банките во земјата ќе ги отворат во понеделникот.

Во денешно интервју за австриското радио ORF, членот на ЕЦБ и гувернер на Централната банка на Австрија – Евалд Новотни посочи дека се уште нема договор за отворање на грчките банки во почетокот на следната недела. Ова прашање сè уште не е решено, сè уште треба да се направат некои истражувања, посочи Новотни.

Тој исто така рече дека може да потрае шест до осум недели пред новата тригодишна спасувачка програма за Грција од над 80 милијарди евра да биде подготвена .

Шпекулациите дека грчките банки ќе можат да отворат во понеделникот по тринеделниот банкарски одмор, кој е во сила од 29-ти јуни, се факт, откако вчера ЕЦБ ја одмрзна итната ликвидна поддршка за банките во земјата, зголемувајки го таванот на програмата ELA со 900 милиони евра до речиси 90 милијарди евра.

Слични содржини