Главната причина се толпите од бегалци и мигранти. Милионерите се селат !

3000 милионери ја  напуштиле Грција минатата година, покажува последното истражување на New World Wealth. Во Грција живеат 55 илјади лица, чие богатство надминува милион. Во 2015 година, сепак 5% од нив ја  напуштиле Грција, станува јасно од анализата .Поголемиот дел од нив се преселиле во Британија или САД.

Причината милионерите да ја напуштат Грција е не само економската криза, но и потоците бегалци кои доаѓаат од Турција. Всушност податоците на New World Wealth покажуваат дека милионерите ги  напуштаат јужните држави во Европа – Италија, Грција и Шпанија. Овој тренд се забележува од неколку години и очекувањата се дека процесот ќе продолжи. Во последниве месеци организациите на бизнисот во Грција алармираа дека многу компании ја напуштаат земјата во потрага по подобри услови за вршење на бизнис. Од опкружувањето главните дестинации  им се Кипар и Бугарија.

Слични содржини