Поранешниот премиер Никола Груевски, обвинет во неколку предмети на СЈО, утрово го утна терминот за час и половина во Основниот суд Скопје 1. Во 10 часот, тој откако се проби низ толпата роднини и новинари за случајот „Монструм“, застана пред вратата на големата судница каде што се одржуваат неговите судења, но го пречека обезбедувањето од судската полиција.

„Вашето судење е закажано за 11.30 часот, сте направиле грешка“, му рече полицаецот.

Груевски по ова си замина. Треба да дојде за час и половина, за кога е закажано продолжението на судскиот процес за случајот „Тенк“ за незаконската набавка на луксузниот „мерцедес“ од страна на МВР и поранешната министерка Гордана Јанкулоска, по негова нарачка и за негови потреби како тогашен премиер.

На претходното рочиште за насилство и шамари во Центар, Груевски беше опоменат од обвинителката Фатиме Фетаи и од судијата да не доцни на рочиштето./SDK

Слични содржини