Претседателот на македонската влада Никола Груевски денеска пред новинарите рече дека наскоро ќе даде свој коментар во врска со случајот „Пуч“ и за доказите кои досега ги објави лидерот на опозицијата Зоран Заев.


„Јас на една прес конференција ги предупредив граѓаните дека ќе следуваат вакви објавувања од страна на Заев, бидејќи од четирите средби што ги имав со него тој самиот потврди дека поседува материјали кои ги добил од странски служби. Но сега нема за тоа ништо конкретно да кажам, свој коментар ќе дадам понатаму, изјави премиерот Никола Груевски на денешната прес конференција што се одржуваше во Валдата на Република Македонија по повод потпишување на меѓусебна соработка со министрите од Србија.

Слични содржини