И покрај шпекулациите дека ќе имало средба , сепак Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска  не ја заборави новоизбраната специјална обвинителка  Катица Јанева. Тој најави целосна поддршка за новиот специјален обвинител, игнорирајќи ги сосема медиумските шпекулации дека законот со кој е именуван ќе биде оспорен од Уставниот суд.

хан

„Очекувам на новиот специјален обвинител да му бидат дадени неопходните ресурси и поддршка за да ја заврши задачата пред која е исправен“, продолжи Хан, поздравувајќи го именувањето на Катица Јанева како голем чекор напред и како завршена работа. Притоа, тој порача дека е од огромна важност справувањето со корупцијата, нешто што го гледа како процес од кој очекува не само најави туку и резултати. Порачувајќи дека во наредниот период треба да се разрешат проблемите што се создаваа во изминатите месеци, па и години, Хан сепак заклучи дека сме на добар пат, но се’ уште не сме стигнале до целта и дека нештата кај нас треба да се сменат на одржлив начин.

Вие не сте најпримерниот ученик но ќе ве вратиме на европскиот пат порача уште рано наутро Хан на средбата со граѓанските организации. Тука сте потребни сите  за да заеднички се излезе од кризата, за да потоа го убедиам  вашиот сосед за решавање на деценискиот спор.

„Пречките на скалите до рајот се поминати. Се надевам на промена на политичката клима“, рече Хан, нагласувајќи дека волјата што ќе ја покажеме за спроведување на политичкиот договор ќе биде доказ за политичката зрелост на земјата “, порача пред пратениците во собраниската комисија за евроинтеграции.

„Во рамките на дијалогот ќе разговараме за владеењето на правото и за доброто раководење. Претходно изразивме загриженост за политичкото мешање во независноста на судството. Вашите судии се добро обучени и треба да бидат оставени да си ја вршат својата работа“, рече Хан, телеграфски давајќи потоа и други задачи. Односно, да се одвои партијата од државата, да се воспостават надзорните тела, новинарите слободно да си ја вршат својата работа, бидејќи секој притисок врз нив ЕУ ќе го смета за неприфатлив, администрацијата да биде департизирана и да не биде под политички притисок, а на економски план да се решат прашањата со буџетскиот дефицит и големата невработеност.

Хан како особено важни ги издвои изборните реформи  и роковите кои, според него, треба да бидат завршени до април, најавувајќи дека меѓународната заедница овој пат ќе ги следи изборите многу повеќе од вообичаеното.

Генерално, тој порача дека ова е време од суштинско значење за Македонија и дека сите очи се свртени кон нас, за да го сработиме своето пред октомврискиот извештај на ЕК. Притоа како напредок го поздрави политичкиот договор за враќање на опозицијата во Собранието и фактот што со него интересите на граѓаните се ставени пред партиските интереси.

Ова време е од суштинско значење за Македонија. Сите очи се свртени кон вас да го сработите своето пред октомврискиот извештај за напредокот на земјата кој треба да ги нотира достигнувањата,  истакна еврокомесарот за проширување и соседски односи Јоханес Хан на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Слични содржини