Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, пристигна на дводневна посета во Скопје. Утрово тој се сретна со претставници на невладиниот и на граѓанскиот сектор и со евроамбасадорот Аиво Орав.

Тој на својот твитер-профил сподели „Штотуку пристигнав во Скопје. Прва е средбата со цивилното општество, чиј ангажман е клучен за реформскиот процес“.

Од канцеларијата на Хан во Брисел соопштија дека во агендата на еврокомесарот не е предвидена средба со новата специјална обвинителка.

Катица Јанева на нашето прашање за евентуална средба, кратко ни одговори дека „досега не е известена дека е во агендата на господинот Хан“.

Во 10.30 часот, еврокомесарот ќе има средба со Националниот совет за евроинтеграции, по што ќе има работен ручек со премиерот Никола Груевски.

По средбата со премиерот Груевски, се очекува Хан да присуствува на пленарната седница за Претпристапните преговори на високо ниво (ХЛАД).

Хан ќе има одделни средби со лидерите на четирите политички партии, со кои ќе разговара за напредокот во имплементацијата на Договорот од Пржино.

МЕТА

Слични содржини