По недели предупредувања унгарските власти  му  застанаа  на  т.н. бегалски автопат кон Западна Европа. На патот меѓу српското погранично село Хоргош и унгарското Роске каде е лоциран граничниот премин, е сместена подвижни ограда.

бегалци срб

4 метри огради и кордон од унгарски гранични полицајци го блокираат патот на стотиците бегалци на прагот на Европската унија. Местото е официјален граничен премин и според уверувањата на унгарските власти по регистрација мигрантите мора да поминат.

Така во таа ничија земја меѓу Србија и Унгарија во моментов има неколку стотини бегалци и мигранти. Во тампон зона сеуште нема обезбедено храна, вода или хуманитарна помош.

Според новото унгарско законодавство бегалците ќе можат да преминуваат во територијата на Шенген само на официјален контролен пункт и под два услови: да се регистрирани како баратели на азил во Белград и да оставаат отпечатоци во Унгарија.Тешко е да се замисли човек дека во XXI век во Европа ќе го гледаш тоа – бодликава жица, огради, деца, бебиња дури, без какво и да е човечко однос, коментира српскиот социјален министер Александар Вулин.

Тоа е постапка која повеќето од бегалците ја избегнуваат од страв дека може да бидат вратени повторно во првата регистрирана  земја која е дел ЕУ.

Војската веќе официјално ги чува границите на Унгарија, а властите се заканија дека ќе го уапсат секој што обиде да мине нелегално или ја оштети новоизградената ограда.Тие е зканија и со депортација на илегалните имигранти.

мигранти

 Од своја страна српските власти рекоа дека нема како друга држава да депортира во нивната земја на луѓе кои не сакаат да останат во Србија. Така судбината на сите, блокирани во ничија земја, е нејасна.

“Она што го гледаме, е огромен број бегалци, кој се обидуваат да влезат во Унгарија и не знаеме што ќе се случи во наредните часови, бидејќи немаме никаква комуникација со другата страна”, рече Мелина Шунич од Високиот комесаријат за бегалци на ОН.

Официјално унгарските власти велат дека пропуштаат на  пешачки премин до меѓународниот автопат мигранти со документи. Меѓутоа, во пракса речиси на никој не му се дозволува да помине.

Тензиите ескалираа, а луѓето се закануваат со штрајк со глад.

Слични содржини