20151115.jxlowsgxyu

Ирак располага со разузнавачки податоци, според кои Франција, САД и Иран се земјите во кои се планираат напади. Ова го соопшти “Ројтерс”, повикувајќи се на министерот за надворешни работи на земјата Ибрахим ал Џафари. Информациите веќе се предадени на службите на соодветните земји.
“Ројтерс” истакнува дека министерот не прецизира дали станува збор за идни напади, или не. Неговата изјава е дадена по серијата напади во Париз.

Слични содржини