Ирачката разузнавачка служба ден во очи масакрот во Париз, ги предупредила САД и коалиционите земји на опасност од непосредни напади на Исламската држава, пренесува АП.
Службата во предупредувањето навела дека лидерот на Исламската држава Абу Бакр Багдати наредил напад на коалиционите земји кои против нив се борат во Ирак и Сирија. Повикал и на бомбашки напади или одземање на заложници и во Иран и Русија.
Ирачаните не знаеле детали кога и каде ќе се изведе нападот, а човек од француското разузнавање за агенцијата АП изјавил дека такви известувања добиваат секојдневно.
Ирачките разузнавачи сметаат дека нападите најверојатно се планирани во Раки, која припадниците на Исламската држава ја сметаат за своја престолнина и каде посебно се обучуваат за таков тип на напади.
Потоа се состанале со членовите на келијата во Франција и помогнале во нападите, во кои како се верува, учествувале 24 лица-19 напаѓачи и 5 кои биле задолжени за планирање и логистика.
Ирачкиот министер за надворешни работи на новинарите денеска во Виена им рекол дека ирачките разузнавачки служби добиле информации дека некои земји ќе се најдат на мета, вклучувајќи ги Франција, САД и Иран.
Бројот на погинати во терористичките напади во Париз порасна на 132, откако ттојца од повредените починаа во болница.