Во Штип ги спаси реката , едни од една други од другата страна на брегот,  се пцуеја и си викаа Уаааа, а во Прилеп за малку и тупаници. Учесници на протестите во Прилеп сведочат за обид на дел од контрадемонстрантите организирани од ГДОМ да направат инцидент, односно да се пресметаат со демонстрантите од Шарената револуција.  prilep

Либертас споделува сведоштво на Божидар Барлакоски, демонстрант на ‪#‎Протестирам‬ и ‪#‎ШаренаРеволуција‬ во Прилеп.

„Собирот на ГДОМ беше на споменикот Карпалак и во еден момент почнаа да маршираат кон камената бина каде беше собирот на демонстрантите. Немаше барикада од полиција, немаше кордон полиција да им попречи пат. Слободно поминаа низ булевар, намерно застанаа на пешачкиот и почнаа да пејат песни се додека еден од нив не се закачи со една жена од #Протестирам. Полицијата едвај спречи голема тепачка. Видов како двајца полицајци намерно се тргнаа од кордонот за да изгледа како пробив. Среќа други двајца „ги фатија за уши” и ги вратија во редот.
Си добив и јас: „немој да сликаш крфта да тибам че ти ја искршам камерата” со обид да ја скрши, но полицијата беше измеѓу па не ја премина таа граница.
Експратеникот Панче Дамески со пцовки клетви и закани (со кренат показалец /тупаница) кон демонстрантите се обидуваше да се истурка за да се пресмета. На помош на полицијата дојде поворката на ГДОМ, која продолжи до кружниот кај судот и веќе таму им блокираа пат за назад и не се вратија”, раскажува Барлакоски.

Слични содржини