stevce_jakimovski

Лидерот на Граѓанската опција за Македонија Стевче Јакимовски денеска на прес конференција истакна дека ГРОМ како политичка партија поддржува политички протести, но, како што рече, многу често тие се користат за погрешно наведување, извртување на тези и за манипулирање со граѓаните.

– Овие протести не се граѓански движења од спонтан излив, од незадоволни луѓе од оваа држава. На овие протести има сé и сешто, има и домашно незадоволство, но и увезени, фабрикувани и оркестрирани подбуцнувачи, „докажани на терен“, односно веќе афирмирани надвор од Mакедонија, рече Јакимовски.

Тој ја посочи невладината „Сорос“ како главен извор на конфликтност. Според него, обичните граѓани на Македонија се запрашуваат, колку има во овие протести вистинско незадоволство од власта, а колку увезено и платено незадоволство, на луѓе на кои буквално ништо не им фали во државава.

Лидерот на ГРОМ изрази сомнеж дека нарачателите на анти-владините протести плаќаат пари на професионалци, каква што е организацијата „Канвас“. Тој ги стави на увид пред јавноста документите кои овие странски водачи и професионалци ги користат луѓето во Македонија за да протестираат.

Слични содржини