Италијанскиот шампион Јувентус успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите откако синоќа одигра 1:1 на гостувањето кај европскиот шампион Реал Мадрид и со вкупни 3:2 во полуфиналето го елиминира противникот. Ова за Јувентус е прво финале по 2003 година, а вкупно осмо. Последната титула европски првак „старата дама“ ја има освоено 1996 година.

морато

Реал Мадрид дојде до водство во 23.минута со голот на Кристијано Роналдо од пенал, а изденачи поранешниот играч на Реал Мадрид Алваро Мората во 57.минута.

Финалето оваа сезона од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Барселона ќе се одигра на 6 јуни на Олимпискиот стадион во Берлин.

Слични содржини