Големата разлика во годините не само што не ги загрижува, но двајцата дури и се подготвуваат за свадба.1421e6411e4fba7e18ae9e0505bc4397

48-годишната Кајли Миног и 28-годишниот британски актер Џошуа Сас планираат да се ветат на вечна верност. Двајцата подготвуваат свадба, која ќе се одржи во јули во Италија, пишува Female First.

Кајли и Џошуа се запознаа минатата година за време на снимањето на телевизиското шоу “Galavant”. Еднаш медиумите ги венчаа, како помислија дека одморот на грчкиот остров Сифнос каде австралиската пејачка собра еден куп гости за својот роденден, е всушност нивната тајна свадба.

Двајцата ги негираа гласините.

Тие најавија дека се свршени во декември минатата година на одмор во Швајцарските Алпи и не кријат дека не можат да живеат далеку еден од друг, наведува весникот.

Кајли имала врска со Џејсон Донован, Мајкл Хачанс, Џејмс Гудинг, Оливие Мартинез и Андрес Валенкосо.

Слични содржини