Кандидат на крајно десничарската Австриска партија на слободата води со над 36% од гласовите по првиот круг од претседателските избори во Австрија. Ова го покажуваат проценкита на резултати на јавната телевизија ORF. Податоците за Норберт Хофер се најдобар резултат за партијата, постигнат на национални избори.
Тој се натпреварува со платформа, насочена против имигрантите и ЕУ, и по се изгледа дека оди во втор круг со некој од независните кандидати – “зелениот” ветеран Александер ван дер Белен и поранешната судијка од Врховниот суд Ирмград Грис.
Двајцата кандидати за вториот круг против Хофер се со многу блиски резултати од речиси 20 и 19 проценти од важечките ливчиња. За победа се потребни 50% плус еден од гласовите, а сегашниот претседател – социјалист Хајнц Фишер, не може да се кандидира за трет пат по два 6-годишни мандати на чело на државата.
Гласањето ја разбива повоената традиција претседател да стане еден од претставниците на социјалдемократите или на конзервативната Народна партија. Резултатот може да ги разниша и основите на владејачката коалиција, во која се двете традиционални партии