Универзитетската професорка Татјана Каракамишева, вели дека го поздравува договорот за изготвување на нов закон, кој денеска го постигнаа Студентскиот и Професоркиот пленум на работната средба со владините претставници и ректорот.

– Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование уште од самиот почеток на процесот поврзан со донесувањето на измените и дополнувањата на постојниот закон за високо образование имаше јасен и недвосмислен став дека сите опции кои водат кон подобрување на квалитетот во високото образование се отворени и прифатливи, се додека тоа гарантира напуштање на политиката на улица, протести и други вонинституционални облици кои се употребуваа во тоа време од страна на Студентскиот и Професорскиот пленум. За нас деблокирањето на дијалогот беше основно барање. Ние бевме и се уште сме убедени дека само преку дијалог и размена на мислења може да се дојде до решенија прифатливи за сите. Конструктивниот пристап во процесот беше и остана наша клучна определба. Токму затоа го поздравивме воспоставениот дијалог и се надеваме дека на крај ќе победат реформите за повисок квалитет во високото образование, без разлика на модалитетите и формата на решенијата употребени за таа цел, вели проф. д-р Каракамишева за НОВА.

Слични содржини