210
Од понеделник Универзитетската клиника за дигестивна хирургија ќе продолжи со редовна работа, соопштуваат од таму.
Пред два дена од клиниката објавија дека ги затвораат операционите сали, по инцидентот во кој беше застрелан нивниот колега од страна на незадоволен пациент, чија мајка по операцијата починала.
Лекарите бараат нови законски измени кои ќе им гарантираат подобри услови за работа и повисоко ниво на безбедност.