cvetan_dimov

Во „Цветан Димов“, раководството на гимназијата организирала забава, меѓутоа ја откажале поради екстремно слабиот интерес. Само 35 ученици заинтересирани, информира новинарот од екипата на Код.

Учебната година за матурантите заврши. Меѓутоа, нивните помлади другари од пониските класови, откриваат дека забава сепак ќе има, но во нивна организација. Поделени – според полот.

-Има матура што ќе прават само девојчиња без машки, и обратно машките сами ќе слават. И сега не знаат… Ние муслиманите така правиме…

Вакви убедувања не се непознати во Исламот.

Многумина претставници на исламската заедница со порадикални убедувања се противат на денешниот, модерен начин на прослава. Исламот не ја забранува прославата, но велат дека дефинира како таа би требало да изгледа.

Без музика и игра, алкохол и без присуство во иста просторија на машки и женски. Дел од раководствата на училиштета негираат, но дел и потврдуваат дека има случаи каде верски аспекти преовладуваат во одлуката за матурска забава.

–-Тоа е индивидуална одлука нивна, тоа не влијае врз другиот број на ученици. Ако тој прифати од верски или традиционални причини, а има такви, да не биде дел од матурата е негово право. Тоа е негово убедување и негово право да не се појави на таа матура. Ние како професори и педагози не правиме кампања да им речеме на децата дека треба да се појават или не. Ако мислите дека некој пропагира да не се оди, тоа не сме нашле во училиштето.  Што разговараат учениците меѓу нив во тие неформални групи ние не знаеме, ако има некој вид на конфликт кај нас тоа не се случува, вели Агим Акуш, помошникот на директор во училиштето „Зеф Љуш Марку“,

Исламската верска заедница не се чувствува засегната да коментира и да се меша дали училиштата организираат матурски забави и зошто учениците учествуваат на нив или не.

Нивниот став е конкретен – тие како институција не забрануваат прослава на матура. Самите потврдуваат дека учениците на нивната Медреса пред извесно време прославиле матурска.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини