Маж на 101 година беше изваден жив во саботата под урнатините на куќа во Непал – недела по катастрофалниот земјотрес на 25 април, кој уби повеќе од 7.000 луѓе, пренесе АФП.

2110712128

Покрај него, денес маж и две жени беа спасени во село лоцирано во Северозападен Непал.

Вчера непалски власти објавија дека не хранат надеж да бидат откриени преживеани, и предупредија дека бројот на жртвите може да се зголеми, откако спасувачите достигна до оддалечените области на земјата.

Загинатите во катастрофалниот земјотрес со интензитет од 7,9 на 25 април утрото и подоцнежното ден потоа по силен секундарен удар од 6.7 засега се 7040 лица, повредените се 14 397.

Слични содржини