Во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) синоќа  се одржаа контрапротести во Штип, Велес и Ресен во знак на поддршка за одржување на предвремените парламентарни избори распишани за 5 јуни годинива, и против аболицијата само на опозиционерите а за аболиција на власта.tetovo-gdom-640x360

Од ГДОМ го повторија барањето за повлекување на одлуката за аболиција од претседателот Ѓорге Иванов  за опозизиционертрите и порачаа дека избори на 5 јуни се единствен излез од политичката криза во државата.

На контрапротестот во Штип под мотото „За Македонија се работи“ поддржувачите на ГДОМ порачаа дека се против деструктивни сценарија и оти само со избори ќе биде ставен, како што истакнаа, конечен крај на деструкциите на СДСМ и кризата во која опозицијата ја втурна Македонија.

И на контрапротрстот на ГДОМ во Велес и во Ресен, беше порачано дека на 5 јуни мора да има избори, со кои, според нив, ќе се одбрани Македонија. – Собраните граѓани на мирен и достоинствен начин го изразија својот револт против  , како што тие партиски го дефинираат н „анархистичките дивеења на протагонистите на соросоидните структури“, чија единствена цел била уривање на уставниот и правниот поредок на државата, а сето тоа изразено преку насилнички дивеења и нагрдување на се што е изградено во Македонија, изјави градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски

Слични содржини