Кортни Кокс ја заштити својата другарка Џенифер Анистон дека нема никаква врска со разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит.
“Имам чувство дека само споменувањето на нешто слично ги изострува работите”, рече Кортни за време на добротворниот ручек во Chateau Marmont во вторникот.
Актерката изгледаше совршено во црн фустан и црни рамки на наочарите. Таа често носи облека токму во оваа боја.
Изјавата доаѓа непосредно откако сопругот на Анистон – Џастин Теру, изјави пред сајтот Business Insider дека таквите тврдења се бесмислица.
Кортни и Анистон беа меѓу ѕвездите од серијата “Пријатели” и оттогаш се во многу блиски односи, потсетува Daily Mail.
Анистон беше сопруга на Пит 5 години и двајцата се разведоа во 2005 година. Како причина за нивната разделба се смета средбата на Бред со Анџелина за време на снимањето на “Господин и госпоѓа Смит” во 2004 година.
Пит и Џоли се заедно од токму тогаш, но се венчаа пред само две години. Џоли поднесе тужба за развод на 19 септември.