МВР врши опструкција за постапување по решение на Кривичниот суд, а со тоа не се почитуваат судските одлуки и се кочи правдата, оценија од ЛДП-Битола.

ldp1

„Битолчани и воопшто, македонските граѓани, четврти ден ја чекаат веста за тоа дали решението за куќен притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, изречено од Кривичниот суд, допатува во Битола или се „загуби“, иако е потврдено дека е пратено по факс. Изјавите од полицијата дека решението не стигнало на нивна адреса, јасно и недвосмислено покажуваат дека ВМРО-МВРО врши опструкција на судот и постапува за тесно-партиски и лични интереси на врхушката од власта“, стои во партиското соопштението.

ЛДП-Битола потсетува дека битолската полиција за два дена викна на распит 86 лица од „Шарената револуција“, поднесе 26 пријави, а лицето Владимир Талески четири дена не можат да го пронајдат.

„Решението за притвор е извршно решение, адвокатот на Талески потврдил дека го добил и го обжалил, така што оваа опструкција е незаконска. На крај, она што на сите им е јасно и очекуваме дека ќе се случи, е Владимир Талески итно да поднесе неотповиклива оставка на функцијата градоначалник и да ја ослободи Битола од неговото владеење“, порача ЛДП-Битола./извор Мета

Слични содржини